Свет Европа Ајфеловата кула затворена поради страв од напад

Ајфеловата кула затворена поради страв од напад

Ајфеловата кула од утринава е затворена за посетители поради „обиди за упад“, соопштија од управата на симболот на Париз.

– Забележан е еден осомничен човек со голем ранец на грбот, кој сакаше да скокне. Веднаш беше испратен хеликоптер – наведуваат пожарникарите, кои дошле да ја прегледаат Ајфеловата кула и не нашле ништо сомнително.

За човекот кој сакал да скокне од кулата, пожарникарите изјавија дека можеби е авантурист кој со падобран сакал да скокне од височина од 324 метри.

При таков обид, еден Норвежанец го загуби животот во 2005 година. Ајфеловата кула дневно ја посетуваат до 30.000 туристи, а 7 милиони годишно.