Свет АИ: Руските напади во Сирија може да се воено злосторство

АИ: Руските напади во Сирија може да се воено злосторство

Меѓународната организација „Амнести интернешенл“ (АИ) ги обвини силите на Русија дека со касетни и со ненаведувачки бомби ги гаѓале цивилните подрачја во Сирија, како и дека во руските воздушни напади загинале најмалку 200 цивили.
Истите тврдења вчера ги изнесе и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Извештајот на АИ се фокусира на нападите во провинциите Хомс, Идлиб, Алепо, во период од 30 септември, кога Москва официјално ја почна воздушната кампања во Сирија до крајот на ноември.

– Некои руски воздушни напади изгледа биле директно насочени кон цивили или цивилни објекти, целејќи на подрачја без очигледни воени мети или здравствени установи, а како последица имало убиени или повредени цивили. Таквите напади би можеле да бидат воено злосторство – изјави Филип Лутер, директор на програмата на АИ за Блиски Исток и за Северна Африка, образложувајќи дека со тоа се кршат правилата на меѓународното хуманитарно право.

Организацијата „Хјуман рајтс воч“ минатата недела соопшти дека касетна муниција е користена најмалку 20 пати, откако Русија се вклучила во судирите во Сирија.