Македонија Ахмети: Важна е имплементацијата на сите чекори на Договорот од Пржино

Ахмети: Важна е имплементацијата на сите чекори на Договорот од Пржино

Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, разговарал за имплементацијата на договорот за надминување на политичката криза.

– Нам ни е важно имплементацијата на сите чекори што ги содржи договорот за излез од политичката криза да се забрза и побрзо тој да биде целосно затворен, а политичките лидери да бидат доследни на дадениот збор во Пржино – изјави Ахмети.