Македонија Ахмети се сретна со претставници на ОБСЕ

Ахмети се сретна со претставници на ОБСЕ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на ОБСЕ за Западен Балкан, амбасадорот Герард Стоудман, како и со високиот комесар за правата на заедниците, Астрид Tорс.

Ахмети изразил благодарност за конструктивниот придонес на ОБСЕ и на меѓународната заедница за надминување на тензичната ситуација во Куманово.

Тој побарал поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања бидејќи насилството и нестабилноста не се во интерес на никого.

Како што соопштуваат од ДУИ, претставниците на ОБСЕ изразиле загриженост во врска со политичката криза и со безбедносната ситуација во земјата и ја истакнале подготвеноста да помогнат во надминување на состојбата.