Главна секција Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

Во резиденцијата на ЕУ на Водно, каде се водат разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со Груевски и со Заев, пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Него го пречека амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Во придружба на Ахмети се министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ.

Неофицијално, во 15 часот на средбата треба да се приклучи и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.