Свет Балкан Ахмети по средбата со Рама: Рано е да се зборува за нова...

Ахмети по средбата со Рама: Рано е да се зборува за нова коалиција со Груевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при вчерашната посета на Тирана имал средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, и со претседателот на државата Бујар Нишани, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

„Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз основа на кои ние ќе се водиме во преговорите во иднина – изјави Ахмети за медиумите по средбите со албанскиот државен врв.

Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за нова коалиција со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Претходно неделава, веднаш по парламентатните избори во неделата, на средби со премиерот Еди Рама беа лидерите на Беса, Алијанса за Албанците и на ДПА, Билал Касами, Зијадин Села и Мендух Тачи.

Во медиумите два дена кружеа информации дека Ахмети ја откажал средбата со Рама, но тој вчера сепак допатува во Тирана на средби со државниот врв на Албанија.