Македонија Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници од неговата партија во клучните општини со големо албанско мнозинство, како Тетово, Чаир, Струга, Сарај, Дебар, Липково, Долнени, Теарце и Кичево.

– Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и во Кичево – соопшти Ахмети.

На плоштадот Скендербег во Скопје вечерва почна прослава на победата на Висар Ганиу во општина Чаир, а претходно во речиси целата населба Чаир се слушаа рафали од автоматски пушки и од пиштоли.