Проверка на факти Ахметај не го исполни ветувањето – Драч сè уште покриен со отпад...

Ахметај не го исполни ветувањето – Драч сè уште покриен со отпад од земјотресот

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ го провери ветувањето на поранешниот министер за финансии, а сега министер за проценка и реконструкција Арбен Ахметај, кој вети дека отпадот од уништените објекти како резултат на земјотресот на 26 ноември (2019) ќе биде расчистен пред Божиќ.

Врз основа на овие изјави, „Фактоје“ одлучи да ја провери состојбата во Драч на 25 декември, рокот утврден од министерот Ахметај за расчистување на отпадот од земјотресот.

За време на проверката на лице место „Фактоје” забележа дека не само што не се чисти отпадот, туку во многу од оштетените деловни објекти или згради не е поставен безбедносен периметар, со што се зголемува ризикот за минувачите, а во тие делови каде е исчистен отпадот, тоа е направено од самите граѓани.  Врз основа на направената проверка, „Фактоје” ова ветување на министерот Ахметај го оценки како неисполнето.