Свет Европа Агенциите го намалија кредитниот рејтинг на Велика Британија

Агенциите го намалија кредитниот рејтинг на Велика Британија

Агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали највисокиот кредитен рејтинг ААА на Велика Британија за две нивоа, на АА, и предупреди на можно понатамошно намалување.

„Фич“, пак, го намали рејтингот на Велика Британија за едно ниво, од АА+ на АА, со можност за понатамошно намалување.

Според анализата на овие агенции, Брексит би можел да доведе до влошување на економската состојба што ќе влијае врз финансискиот сектор.

Се очекува и забавување на порастот за британската економија, па така предвидувањата за пораст од 2 отсто се намалија на 0,9 отсто за 2017 и за 2018 година.