Македонија Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони...

Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони во образованието

Министерството за образование и наука подготвува Закон за основното образование со кој се предвидува уредување на воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем.

Како главна цел на новиот закон се наведува обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето согласно неговите потенцијали и афинитетич, постигнување на националните стандарди за основно образование од подрачјата јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претпримништво и уметничко изразување, култура и мултикултурач, развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност.

Истовремено, Министерството подготвува Закон за наставници во основните и средните училишта. Во образложението се вели дека со законот се уредуваат условите за вршење на професијата наставник и стручен соработник во основните и средните училишта, засновањето на работниот однос, категориите на наставници и стручни соработници, работните задачи, континуираното стручно усовршување (професионален развој), напредувањето во звања (кариерен развој) и одземање на звање.