Свет Абот не демантира дека им плаќа на шверцерите да ги вратат мигрантите

Абот не демантира дека им плаќа на шверцерите да ги вратат мигрантите

Австралискиот премиер Тони Абот не демантира дека властите на земјата им платиле на шверцерите да го вратат мигрантите во Индонезија и нагласи дека прават сè за сузбивање на илегалната имиграција.

Според првичните резултати од истрагата, австралиските власти им платиле 30.000 долари на шверцери, кои превезле 65 имигранти за да ги вратат во Индонезија.

Набргу откако дојде на власт, во септември 2013 години, конзервативната влада на Абот почна вооружена акција, чија цел е да се оневозможи на мигрантите преку море да дојдат во Австралија.

Од декември 2013 година, до австралискиот брег пристигнал само еден брод со мигранти, а пред тоа тоа била секојдневна појава. Стотина мигранти го изгубиле животот, обидувајќи се да стигнат до Австралија.