Македонија 72,2 отсто од населението во Македонија користи интернет

72,2 отсто од населението во Македонија користи интернет

Вкупно 1.503.000 жители на Македонија, односно 72,2 отсто од населението користи интернет, а милион од нив се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“.

Според истражувањето, македонските граѓани повеќе користат интернет во споредба со жителите на Црна Гора (69,9 отсто), БИХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти), но помалку во споредба со Словенците (75,5 отсто) и со Хрватите (74,4 проценти).

Според податоците на „Интернет ворлд стат“, 3,88 милијарди лица или 51,7 отсто од светската популација користи интернет, а 1,7 милијарди луѓе се регистрирани на „Фејсбук“.