Свет Свет 33 лица загинаа во автобуска несреќа во Непал

33 лица загинаа во автобуска несреќа во Непал

Најмалку 33 луѓе го загубија животот во автобуска несреќа која се случила денеска во Непал, јавува „Си-Ен-Ен“.

Инцидентот се случил во округот Каврепаланчок околу 13 часот по локално време. Автобусот кој се движел кон непалската престолнина Катманду од засега непознати причини излетал од амбисот и се превртувал по падината околу 300 метри.

Во автобусот имало повеќе од 60 патници. Локалните власти наведуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи многу од другите 35 повредено патници се во критична состојба, кои поради непристапност на теренот се извлекувани со хеликоптер.