Македонија 27 јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница

27 јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

„Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава“, се вели во соопштението на МТСП.