Економија 20,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

20,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

Објавен е првиот повик за проектни предлози од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија за периодот 2014-2020 и ќе бидат достапни околу 20,5 милиони евра.

– Со оваа програма предвидено е да се финансираат проекти во висина од 45,47 милиони евра, кои ќе ги имплементираат корисниците со активности во пет региони во Грција и во четири региони во Македонијам – изјави министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани.

Средствата се обезбедени од ЕУ, која финансира 85 отсто од вредноста на проектите, а другите 15 отсто се од Министерството за локална самоуправа.

Главна цел на програмата е да се подобри територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и создавање нови работни места, одржување на животната средина и преку одговорно користење на природните ресурси за развој на туризмот.

Министерот Шабани истакна дека со Грција досега заеднички имаат реализирано околу 50 проекти, и тоа 38 се завршени, а 14 се во фаза на реализација. Проектите имаат вредност од околу 10 милиони евра.