Свет Свет 17 повредени во Хонгконг, откако ескалатор во трговски центар забрзано почнал да...

17 повредени во Хонгконг, откако ескалатор во трговски центар забрзано почнал да се движи

Ескалаторот во еден трговски центар во Хонгконг нагло го сменил правецот на движење, што предизвикало општа паника кај купувачите. Епилогот од ситуацијата е 17 повредени, од кои еднo лице потешко, пишува „Дејли меил“.

Откако ескалаторот, долг 45 метри нагло ја сменил насоката и забрзал, речиси сите се поместиле кон лево и се фатиле за заштитната ограда, што предизвикало луѓето да паднат еден врз друг. Објавена е и снимка од инцидентот.

– Слушнавме врескање. Подвижните скали забрзано се движеа надоле. Луѓето почнаа да паничат и да паѓаат – велат очевидци.