Главна секција Јункер и Туск: Ова е историска грешка!

Јункер и Туск: Ова е историска грешка!

Недавањето датум за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија е грешка, порачаа и Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет и Жан Клод Јункер, претседател на Европската Комисија (во заминување), на попладневната прес-конференција во Брисел, на која соопштија дека Европскиот Совет не донел одлука да се дадат датуми за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.

– Лично мислам дека ова е грешка и нема понатаму да коментирам – рече Туск.

Тој порача дека двете земји не смее да се откажуваат и оти верува дека еден ден ќе бидат полноправни членки на ЕУ.

– На нашите македонски и албански пријатели им порачувам: Ве молам не се откажувајте! Ја разбирам вашата фрустрација, но мора да да разберете дека ЕУ е политичко тело и некогаш треба време, но немам дилеми дека еден ден ќе бидете полноправни членки на ЕУ – рече Туск.

И претседателот на Европската Комисија, порачувајќи дека кога стапил на функцијата пред пет години, рекол дека нема да има проширување, оти нема земји подготвени за преговори, но дека се изненадил. И Јункер рече дека Европскиот Совет направил грешка не доделувајќи датум.

– Пред пет години,  реков дека во текот на петте години мој мандат нема да има нови проширувања. Многумина беа разочарани, но јасно беше дека нема напредок. А сепак се случи напредок. Вчера прашањето беше дали има кандидати за да почнат преговори и многу земји рекоа дека има кандидати што се целосно спремни. Тоа е тоа. И јас мислам дека беше историска грешка – рече Јункер.