Македонија Зонското паркирање во општина Аеродром се „проширува“

Зонското паркирање во општина Аеродром се „проширува“

Првата фаза опфаќа формирање и обележување паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром соопшти дека се работи на проширување на опфатот на зонското паркирање на нејзината територија. Ќе се организираат и анкети, а опфаќањето на нови паркиралишта со наплата за паркирање, ќе трае до крајот на годинава.

Првата фаза опфаќа формирање и обележување паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“.

Втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период, соопшти општина Аеродром.