Свет Жолтата треска усмрти 225 лица во Ангола

Жолтата треска усмрти 225 лица во Ангола

Вирусот жолта треска однесе најмалку 225 животи во Ангола, а досега се регистрирани околу 1.600 заболени, соопшти синоќа во Луанда анголскиот министер за здравство, Луис Самбо.

Министерот, по средбата со претставниците на Светската здравствена организација, рече дека тропската болест е регистрирана во 16 од вкупно 18 провинции на земјата и оти се неопходни лекови, вакцини и зголемен медицински персонал за справување со болеста.