Македонија Жолта алертна фаза и денеска, со температура до 40 степени

Жолта алертна фаза и денеска, со температура до 40 степени

Денеска времето ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 Целзиусови степени, додека УВ-индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза за високи температури.

Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 Целзиусови степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 а најсвежо во Маврово, 28 Целзиусови степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.