Хроника Жител на Теарце незаконски организирал игри на среќа

Жител на Теарце незаконски организирал игри на среќа

Четириесет и тригодишен жител на тетовското село Теарце е осомничен дека незаконски организирал игри на среќа во објект во селото, информира полицијата.

Според пријавата, поднесена од Секторот за внатрешни работи Тетово, М.Р. (43) се товари за кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од належен орган според Законот за игри на среќа и за забавни игри.

Како што информираат од полицијата, на 21 јули оваа година, полициски и екипи на Упрвата за јавни приходи (УЈП) извршиле контрола во спортска обложувалница во селото Теарце, каде бил и осомничениот. При контролата било утврдено дека тој приредувал игри на среќа без регистрирана фирма и лиценца за работа, а во објектот била најдена и опрема за обложувалницата.