Хроника Жител на Никуштак осомничен за шверц на петмина мигранти

Жител на Никуштак осомничен за шверц на петмина мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 23-годишниот Л.С. од селото Никуштак, кој се товари за криумчарење мигранти, информира МВР.

Според МВР, вчера околу 6.50 часот, на регионалниот пат Дојран – Струмица, во близина на бензинска пумпа, полициска екипа запрела автомобил, марка „фолксваген пасат“, што го управувал осомничениот, а во кој биле откриени петмина илегални мигранти од Етиопија, Сомалија, Иран и од Либија.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка претпазливост и му дозволил да се брани од слобода.

Од МВР информираат дека и регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против Б.С. (37) и Р.Ј. (38), двајцата од Гостивар, кои во вторникот биле откриени при транспорт на четворица марокански државјани, на регионалниот пат Овче Поле – Свети Николе.