Македонија Жерновски: Криминалот во Центар ќе му пресуди на Груевски

Жерновски: Криминалот во Центар ќе му пресуди на Груевски

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, каде што на изборите во 2012 година гласаа жители на општина Пустец, денеска по повод прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство реагираше на својот профил на „Фејсбук“.

„ТИТАНИК ТОНЕ !!!

СЈО објави дека сантата мраз, во која удри Груевски, е токму изборниот криминал во Центар. „Кривичните дела против гласањето, се почеток на криминализацијата на државата“ – рече Јанева. Не би можел повеќе да се согласам со ова. Телма веќе објави дека едниот уапсен во истрагата е Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец. Ова значи дека токму криминалот на изборите во Центар, со човечињата од Пустец ќе му пресудат на ВМРО и Груевски.
Ова е голема победа на правдата!
Од денес, Македонија почнува да се враќа на правата патека“.