Македонија Жерновски казнет со 7.500 евра од Државен управен инспекторат

Жерновски казнет со 7.500 евра од Државен управен инспекторат

Државниот управен инспекторат го казни градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со глоба од 7.500 евра за случајот со катната гаража на „Никофон“, објави „А1 он“

Оваа одлука е донесена по 23. по ред инспекција од Државниот управен инспекторат во Општината за овој предмет. Според  одредбите од Законот за управна инспекција, глобата се движи од 7.500 до 15.000 евра, но по појавувањето на градоначалникот Жерновски во Инспекторатот, подготвен е платен налог од 7.500 евра. Казната, по порамнувањето, Жерновски треба да ја плати од свој џеб.