Економија Женското претприемништво поттикнува создавање работни места

Женското претприемништво поттикнува создавање работни места

Во рамките на настанот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места“ што се одржа во Даут-пашин амам, беа споделени примери на добра практика од деловни жени.

На настанот беше промовиран филм, кој е дел од завршната фаза од проектот, и во него менаџерките споделуваат искуства за тоа како го почнале бизнисот и упатуваат порака до младите бизнисмени.

Една од основачките на компанијата „Ултра унет“, Анета Антова-Пешева, им порача на младите менаџери да се запознаат со основите на сметководството за да не остават работата да ја владее друг.

– Би им порачала на младите бизнисмени да не се плашат од даночните контроли и да учествуваат во нивно подобро извршување. Со тоа се уништува црната економија, која е најголем непријател на добрите компании – вели Антова-Пешева.

На тие што почнуваат бизнис, им порача да ги следат своите инстинкти и да не ги земаат предвид туѓите мислења.