Хроника Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство.

Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на мостот и паднало во реката.

Возачот, со тешки повреди на телото бил префрлен на интензивна нега во прилепската болница, додека неговата сопруга, која седела на совозачкото седиште, починала на самото место.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на местото на настанот, при што издаде наредба за обдукција, како и наредба за вонреден технички преглед врз возилото“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.