Македонија Жена командант на Воено медицинскиот центар

Жена командант на Воено медицинскиот центар

Пред командата на бригадата за логистичка поддршка во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Воено медицинскиот центар (ВМЦ). Должноста командант на ВМЦ од полковникот Душан Стојановиќ ќе ја прими потполковник Ирена Минева.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на брЛП полковник Кенан Рахиќ, претставници од министерството за одбрана и ГШ на АРМ, командантите на потчинетите единици на брЛП и други гости.

ВМЦ се наоѓа во организациско-формациската структура на брЛП како единица во ранг на баталјон и претставува носител на медицинското обезбедување на АРМ, со главна мисија за зачувување и унапредување на здравјето првенствено на припадниците на АРМ. Во рамки на ВМЦ се врши подготовка на медицинскиот персонал на АРМ за учество во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, како и реализацијата на партнерската цел за формирање на мобилна полска болница за медицинска поддршка на АРМ.