Македонија Жбогар: На СЈО да му се даде време и простор да ги...

Жбогар: На СЈО да му се даде време и простор да ги заврши истрагите

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска при посетата на Општина Струмица, во рамки на проектот „ЕУ за тебе“, изјави дека на Специјалното јавно обвинителство треба да му се даде време за да ги заврши своите истраги.

– Нашата позиција е иста како на почетокот. Специјалното јавно обвинителство беше формирано со една цел, а тоа е да одреди законска одговорност која произлегува од скандалот со прислушуваните материјали и затоа на СЈО треба да му биде даден простор и време да ја заврши својата работа – вели Жбогар.

Жбогар денеска ја посети Општина Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ и направи увид во проектот „Третман на отпадните води“, финансиран од ЕУ со 5,7 милиони евра.

Проектот, кој се реализира во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Струмица и со Јавното претпријатие за комунален отпад, предвидува изградба на пречистителна станица, супервизија и подготвување студии.