Свет Свет Зголемувањето на моќта на жените треба да биде приоритет, смета Гутереш

Зголемувањето на моќта на жените треба да биде приоритет, смета Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека зголемувањето на моќта на жените е ефикасен начин за заштита на нивните права.

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, тој истакна дека приоритет треба да се даде на големо присуство на жените во владините институции, политичките системи и во економијата, како и на другите аспекти на општествениот живот.

Првиот човек на ОН изјави дека поголемото присуство на жените во сите сфери од општеството би придонело за поголем развој, полесно зачувување на мирот и за подобра заштита на човековите права.

Тој додаде дека како висок комесар за бегалци на ОН, го видел најголемото страдање на жените во најтрагични околности кои човек може да ги замисли.

Гутереш е во официјална посета на Кенија.