Свет Европа Зголемени полициски патроли во метрото во Лондон

Зголемени полициски патроли во метрото во Лондон

Лондонската полиција ги засили патролите во метрото откако маж во подземната железница со нож повреди три лица, извикувајќи „Ова е за Сирија“.

Полицијата наведува дека 29-годишниот Мухајдин Мире денеска ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство.

Нападот со нож, во кој три лица беа повредени во саботата навечер, полицијата го окарактеризира како терористички чин.

Британските медиуми објавија снимка од очевидци на која може да се чуел како еден од присутните извикува „Не си ти муслиман, брате“.

Нападот се случил неколку дена откако парламентот ги одобри британски напади на позиции на Исламска држава во Сирија.