Економија Зголемен бројот на туристи во јануари за 13,3 проценти во однос на...

Зголемен бројот на туристи во јануари за 13,3 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во јануари годинава изнесувал 43.220 и во однос на истиот месец лани, тој е зголемен за 13,3 проценти, објави Државен завод за статистика.

Бројот на ноќевања истиот месец изнесувал 87.894 денари и во однос на лани има зголемување од 11,7 проценти.

Во истиот период бројот на домашните туристи е зголемен за 10,3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 15,5 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,2 проценти.