Свет Зетот на Трамп ќе сведочи пред Сенатот за врските со Русија

Зетот на Трамп ќе сведочи пред Сенатот за врските со Русија

Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе сведочи пред сенатскиот Комитет за разузнавачки прашања во врска со истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските извори.

Кушнер на затворена седница ќе одговара на прашања на членови на одборот на долниот дом на Конгресот, а утре ќе разговара со членови на Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом.
Двата одбора истражуваат дали Русија влијаела на изборите и за можната поврзаност на членови од избирачкиот тим на Доналд Трамп.

Кушнер, кој е советник на Трамп и еден од главните луѓе во неговата претседателска кампања, наводно во декември преку руската амбасада се обидел да воспостави таен канал за комуникација со Москва.

Сенаторите ќе се интересираат за состанокот со руската адвокатка Наталија Веселничкаја, која, наводно, имала компромитирачки информации за тогашната противкандидатка на Трамп, Хилари Клинтон.

Адвокатот на Кушнер изјави дека неговиот клиент е подготвен доброволно да соработува.