Македонија Земјотресот што се почувствува во Македонија имал епицентар северно од Тирана

Земјотресот што се почувствува во Македонија имал епицентар северно од Тирана

Силниот земјотрес што во 15.53 часот се почувствува во западниот дел на Македонија, имал епицентар на 55 километри северно од Тирана, односно на 32 километри источно од градот Леж.

Магнитудата изнесувала 5,2 степени, а хипоцентарот, односно длабочината на земјотресот, бил на 10 километри под површината, се дознава од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот во Скопје беше почувствуван како хоризонтален, а регистриран е и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, според тоа што може да се види на нејзината веб-страница.