Свет Земјотрес во Јапонија – нема жртви

Земјотрес во Јапонија – нема жртви

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јапонската префектура Кагошима, околу 90 километри од градот Макуразаки, соопшти денеска Американскиот геолошки завод.

Земјотресот се случил на длабочина од околу 40 километри.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.