Македонија Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотресот се случил во 22 часот и 44 минути, а епицентарот се наоѓал 97 километри југозападно од Скопје

фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала вчеравечер регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 22 часот и 44 минути, а епицентарот се наоѓал 97 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во југозападните делови од Македонија.

И Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар синоќа објави дека бил почувствуван земјотрес со епицентар 7 километри јужно од Дебар. Земјотресот се случил на длабочина од 8 километри.