Свет Свет Земјотрес регистриран во Тихиот Океан, кај Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес регистриран во Тихиот Океан, кај Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан, во близина на градот Рабаул, во Папуа Нова Гвинеја. Нема информации за жртви и за причинета материјална штета, но не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Според податоците на американскиот Геофизички институт, епицентарот на земјотресот бил на 89 километри североисточно од Рабаул, на островот Нова Британија, на длабочина од 499 километри.