Свет Балкан Земјотрес регистриран на Крит

Земјотрес регистриран на Крит

Земјотрес со јачина 4,3 степени според Рихтеровата скала околу полноќ е регистриран јужно од островот Крит.

Сеизмолозите јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил во морето, на 71 километар од островот Гавдос и на длабочина од 12 километри.

Нема информации за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.