Македонија Земјотрес претпладнево го стресе Охрид

Земјотрес претпладнево го стресе Охрид

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала се случил претпладнево во 8.50 часот во Охрид.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 9 километри источно од Охрид, 7 километри југоисточно од Косел, а се случил на длабочина од 2 километри.