Свет Балкан Земјотрес повторно ја потресе Јанина

Земјотрес повторно ја потресе Јанина

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Јанина, на северозападот на Грција, јавуваат грчките медиуми.

Грчката сеизмолошка агенција објави дека станува збор за повратен потрес и оти нема причина за загриженост.

Земјотресот се почувствувал во регионот на Епир, Крф и на Лефкада.

Потресот е регистриран околу половина час по полноќ, на длабочина од 10 километри.

Пред пет дена, земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди регионот на грчко-албанската граница, а епицентарот се наоѓал на 12 километри северизападно од градот Јанина.