Македонија Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар

Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар

Архива на „Мета“

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 12 часот и 06 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда M L 2.3.

„Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,“ се вели во соопштението.