Свет Земјотрес од 6,9 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес од 6,9 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,9 степени денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, но засега нема информации за повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 420 километри североисточно од Порт Моресби, во регионот на Нова Британија.

Претставникот на Геофизичката опсерваторија во Порт Моресби, Метју Мојхој, рече дека немало цунами, ниту извешти за штети.