Македонија Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер почувствуван во југозападниот дел на земјата

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер почувствуван во југозападниот дел на земјата

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтеровата магнитуда бил почувствуван сношти во 21 часот и 17 минути во југозападниот дел од земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот е регистриран во епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина, а според Европската макросеизмичка скала, интензитетот на потресот бил околу III степени.