Свет Балкан Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја потресе Атина, но засега нема информации за жртви или материјална штета.

Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил околу 4 часот, бил во заливот меѓу островот Евија и копнениот дел на Грција, 80 километри северно од Атина.

Грчката Агенција за цивилна заштита соопшти дека во градот Халкиди, кој се наоѓа во близина на епицентарот, и во околните области не е причинета штета.

Американскиот Геолошки завод исто така регистрирал земјотрес кај островот Евија со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, на длабочина од 5,8 километри.