Свет Европа Зеленски им одзеде чинови на двајца генерали: „Немам време да се занимавам...

Зеленски им одзеде чинови на двајца генерали: „Немам време да се занимавам со предавници“

Володимир Зеленски, претсeдател на Украина | Фото: Укринформ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајцата генерали, додавајќи дека „нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина“ и дека „ја прекршиле воената заклетва за верност кон украинскиот народ“, пренесе Би-би-си.

Зеленски рече дека еден од генералите, Андреј Олехович, бил шеф на внатрешната безбедност во СБУ, главната разузнавачка агенција, додека другиот, Криворучко Серхи Олександрович, бил шеф на СБУ во Херсон, првиот поголем град што паднал во рацете на Русија.

Украинскиот претседател двајцата сега поранешни украински генерали ги нарече анти-херои.

„Одлуката е донесена за анти-херои. Сега немам време да се занимавам со предавници. Но, со текот на времето, сите ќе бидат казнети“, рече Зеленски.

„Случајните генерали не припаѓаат овде!“, додаде тој.