Хроника Зел пари од штипјани, лажејќи ги дека ќе им обезбеди станови, возачки...

Зел пари од штипјани, лажејќи ги дека ќе им обезбеди станови, возачки и пензии

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против Г.М. (24) од Пробиштип, осомничен дека измамил повеќе лица, од кои зел пари, ветувајќи им дека ќе им помогне да добијат социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии.

Според полицијата, осомничениот, од август 2014 година до февруари годинава, излажал неколкумина штипјани, тврдејќи дека познава високи политички и владини функционери и дека може да им помогне да добијат социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии.

За противуслуга, од своите „жртви“ тој барал различни суми пари.

Вкупната материјална штета што им ја причинил изнесувала 3.300 евра.

Против Г.М. е поднесена пријава, со која се товари за кривичното дело измама.