Македонија Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка од СДСМ...

Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка од СДСМ во Собранието

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник од владејачката коалиција на СДСМ во Собранието на РСМ ќе биде новиот македонски амбасадор во Црна Гора, откако денеска му беше одобрено новото назначување за амбасадор во Црна Гора.

На негово место, нова пратеничка од СДСМ и коалицијата од 3-та изборна единица ќе биде Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште.

Крајот на мандатот на Рамчиловиќ беше формално потврден од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Државната изборна комисија (ДИК) пак попладнево одржа седница на која го констатираше мандатот на новата пратеничка од СДСМ во Собранието на РСМ.