Дигитални права Завршната конференција за обуките „Дигитални вештини за граѓански ангажман“ ќе се одржи...

Завршната конференција за обуките „Дигитални вештини за граѓански ангажман“ ќе се одржи утре

Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 изминативе месеци организираа програма за виртуелна обука на тема „Дигитални вештини за граѓански ангажман“, кој како проект ќе има завршна конференција утре (27 октомври), со почеток од 10 часот, во „Јавна соба“ во Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат со свои обраќања претседателката на МААА, Верица Јорданова, Марлен Нис, службеник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Северна Македонија и Милан Танчески, извршен директор на Блинк 42-21.

Како говорник на конференцијата, свое онлајн обраќање ќе има Никос Панајоту, вонреден професор на Факултетот за новинарство и масовни комуникации на Универзитетот Аристотел во Солун и претседател на DCN Global.

Од 11 часот на конференцијата ќе бидат презентирани иницијативите реализирани преку проектот, додека од 13:30 часот ќе се одржи панел дискусија за важноста на дигиталните вештини, статусот и можностите за образование и усовршување во Република Северна Македонија.

Модератор на дискусијата е Бојан Кордалов, експерт и член на МААА, а како панелисти ќе учествуваат Милан Танчевски – извршен директор на Блинк 42-21, Весна Ивановска – потпретседателка на Управниот одбор на МАСИТ, Дејан Златковски – проект менаџер во УНДП, Азир Алиу – универзитетски претставник и извршен директор на Центарот за идни вештини од Тетово, д-р Димитар Јовевски – професор на катедрата за е-бизнис на Економски факултет, Тоше Зафиров – коавтор на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ од ИДУЕП и ФНФ и Мила Јосифовска Данаиловска – програмски координатор во Фондацијата „Метаморфозис“.