Подглавна секција Затвореник од Алабама ќе биде првиот човек погубен со азотен гас

Затвореник од Алабама ќе биде првиот човек погубен со азотен гас

Од Обединетите нации сметаат дека методот е нечовечен и може да доведе до тоа Смит да се задави во сопствената повраќаница

Фото: De an Sun наUnsplash

Кенет Јуџин Смит ќе биде првиот човек кој ќе биде усмртен со азотен гас. Адвокатите на Смит, кој е обвинет за убиство во Албама во 1989 година, тврдат дека методот на смртна казна со азотен гас е нечовечна и болна. Врховниот суд на САД одби да му ја смени казната, пренесува Би-би-си.

Според адвокатите на 58-годишниот Смит, нетестираниот метод може да доведе до тоа да се задави во сопствената повраќаница. Дополнително, претекувањето на азотниот гас може да им наштети на другите луѓе присутни во собата со Смит.

Канцеларија на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации изјави оти ваквиот метод на смртна казна е нечовечен и претставува мачење. Јавниот обвинител на Алабама, пак, вели дека најчовечен метод на погубување.

Смит бил осуден на смрт во 1996 година, а веќе еднаш имало неуспешен обид за смртна казна со смртоносна инјекција во 2022 година. Смит претрпел повреди откако лице без медицинска лиценца насилно се обидувал да најде вена под неговата клучна коска. Дополнително, адвокатите на Смит поднеле жалба за смртната казна, повикувајќи се на историјата на неуспешни обид за извршување смртна казна во Алабама (обидот на Смит бил третиот неуспешен обид).

Инаку, Смит и неговиот партнер Џон Форест Паркер биле обвинети за нарачено убиство во 1988 година. Убиството го нарачал нејзиниот маж, свештеник со големи долгови. Се надевал дека ќе добие пари од животното осигурување на жена му. Истиот се самоубил за време на истрагата, а партнерот Паркер бил погубен во 2010 година.