Свет Балкан Затворена за премин неутралната зона Идомени

Затворена за премин неутралната зона Идомени

Неутралната зона меѓу Грција и Македонија, во реонот на граничниот премин Идомени, е затворена за премин, јави грчкиот весник „Катимерини“.

Преку оваа неутрална зона преминуваат бегалци од Ирак, Авганистан и од Сирија кон Македонија и понатаму кон Западна Европа.

Според полицијата, на бензинската станица во областа каде што се собираат автобусите со бегалци, веќе има седум автобуси со 350 луѓе.