Дописници Затворен патот Штип – Радовиш

Затворен патот Штип – Радовиш

Од Општина Штип ги информираат граѓаните дека патот Штип – Радовиш е затворен за сообраќај поради излевање на Брегалница.

– Сите кои патуваат кон лакавичкиот регион, да го користат алтернативниот пат од клучката кај Три чешми кон Радовиш. Водениот бран од браната Калиманци пристигна во Штип. Поради зголемено ниво на водата, се аплеира до граѓаните да бидат внимателни, стоката да биде повлечена на повисоки места и да се избегнува близок приод до реката – велат од Општина Штип.